| четврток, 6 декември 2018 |

Најмалку 2.086 лица убиени до 10 август во конфликтот во Украина

Бројот на убиените во конфликтот во Украина до 10 август е 2.086, што е близу двапати повеќе од бројот на убиените 1.129 лица до 25 јули, соопшти денеска организацијата за заштита на човекови права на ОН.

ukraina doneck

– Тоа покажува јасна тенденција на ескалација, изјави Сесил Пуи, портпаролка на службата на Високиот комесар на ОН за човекови права. Според неа, во просек по 60 луѓе дневно гинеле или биле повредувани во борбите во Источна Украина меѓу владините сили и проруските сепаратисти, кои почнаа во средината на април. Се смета дека бројот на ранети е околу 5.000.

Бројот на жртви вклучува владини војници, припадници на вооружени групи и цивили, но таа оценка е „многу конзервативна“, истакна Пуи, истакнувајќи дека бројот на убиени и ранети може да е многу поголем.

Не е познато дали податоците на ОН вклучуваат и руски војници.

Портпаролот на украинскиот Совет за национална безбедност и одбрана Андриј Лисенко соопшти денеска во Киев дека во изминатото деноноќие во зоната на воени дејствија во источните реони загинале 11 владини војници и 41 се повредени, јави ИТАР-ТАСС.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top