Македонскиот кошаркарски репрезентативец и капитен на националниот состав Војдан Стојановски ќе го продолжи договорот со Алба Берлин на уште една година. Ова го објави неговиот менаџер и сопственик на менаџерската агенција БеоБаскет Мишко Ражњатовиќ преку својот твитер профил.
На крајот на претходната сезона управата на популарните „албатроси“ не ја искористија можноста да го продолжат договорот на уште една година по што нашиот репрезентативец беше слободен играч. Сепак по долгите преговори на менаџерот на Војдан со Алба Берлин и инсистирањето на тренерот Саша Обрадовиќ играчот на остане во клубот се договорени условите по кои тој треба да потпише договор за уште една сезона.
Тоа значи дека македонската кошарка ќе има уште еден претставник во името на Војдан Стојанвоски во Евролигата во натпреварувачката 2014-2015 сезона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



