| четврток, 6 декември 2018 |

Славниот фестивал „Вудсток“ слави 45-та годишнина

„Вудсток“, кој се одржа од 15 до 18 август 1969 година не беше обичен рок-фестивал какви што имало тоа лето ширум Америка. Таму се заминувало од уверување и поради протест. Но, интересено е тоа што и покрај огромниот број луѓе кои присустувале можело да се претвори во општа катастрофа и хаос, а заврши без поголеми инциденти

1-vudstok-1969

Секс, дрога, рокенрол, многу кал, слоганот „Да водиме љубов, а не војна“ го одбележаа музичкиот фестивал „Вудсток“, кој во петок ја прославува 45-та годишнина од постоењето. Фестивалот во историјата на музиката остана забележан како икона на хипи-движењето во 60-те години на минатиот век.

Освен настапите на најпопуларните музичари и групи во тоа време, фестивалот „Вудсток“ беше олицетворение на милиони млади склони на ненасилство кои сакаа со музиката да го сменат светот и да живеат во љубов и мир.

„Вудсток“, кој се одржа од 15 до 18 август 1969 година не беше обичен рок-фестивал какви што имало тоа лето ширум Америка. Таму се заминувало од уверување и поради протест. Но, интересено е тоа што и покрај огромниот број луѓе кои присустувале можело да се претвори во општа катастрофа и хаос, а заврши без поголеми инциденти.

За време на фестивалот тројца починале од предозирање, еден починал од слепо црево, а еден тинејџер го прегазил трактор. За три дена биле родени три бебиња. На „Вудсток“ имало 50 илјади тоалети, а пола милион луѓе присустувале на фестивалот. Затоа по нужда оделе на отворено, во природа, а врнело и многу дожд, така што нивото на хигиената било многу ниско. Фестивалот по три дена и три ноќи го затвори Џими Хендрикс.

Настап на фестивалот, меѓу другите одбиле „Битлси“, „Лед Цепелин“, „Дорс“, Боб Дилан, Френк Запа, Џони Мичел…

Од „Вудсток“ до денес починале 27 изведувачи. Организаторот на легендарниот фестивал изјави дека планира прослава по повод 50. годишнината од фестивалот во 2019 година.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top