| четврток, 6 декември 2018 |

Најниско ниво на инфлацијата во Германија за четири години

германија

Инфлацијата во Германија се спушти во јули на најниско ниво за повеќе од четири години, покажаа најновите официјални податоци.

Потврдувајќи ја проценката објавена кон крајот на минатиот месец, германскиот завод за статистика пресмета дека индексот на потрошувачки цени во јули се спушти на 0,8 отсто, најниско ниво од февруари 2010 година, кога цените на годишни ниво пораснале 0,5 отсто

Во јуни инфлацијата изнесуваше еден  отсто. На месечно ниво цените во јуни пораснаа за 0,3 отсто.

Хармонизираниот индекс на потрошувачки цени (HICP), составен за да се олесни споредбата во еврозонатра, исто така покажува раст на цените на годишно ниво во Германија од 0,8 отсто.

Инфлацијата во изминатите месеци беше невообичаено ниска ширум еврозоната, поттикнувајќи ги стравувањата од спуштање на регионот во дефлација, долготраен и раширен пад на цените кој ги кочи економските активности и се заканува со загуба на работните места

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top