| четврток, 6 декември 2018 |

Канада ќе испрати експериментална вакцина за заболените од ебола

вакцини

Канада на Светската здравствена организација (СЗО) ќе ѝ донира меѓу 800 и 1.000 дози од експериментална вакцина за ебола наменета за западноафриканските држави, изјави канадската министерка за здравство Рона Амброз.

Канадската влада сака да напрви сѐ што е можно со цел да ги поддржи меѓународните партнери, вклучително и финансирање и пристап до експерименталната вакцина, наведе Амброз.

Истовремено, Економската заедница на западноафрикански земји објави дека претставник на организацијата починал од Ебола во Нигерија, што е трета жртва на болеста во оваа земја.

Канада вчера објави дека поседува мало количество експериментална вакцина против еболата, болест од која досега починаа над 1.000 лица и дека Владата преговара со СЗО и САД за можноста таа да се користи во Африка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top