| четврток, 6 декември 2018 |

Герет Бејл: Ми се оствари сонот

Велшкиот фудбалер Герет Бејл по синоќешниот триумф на Реал Мадрид во европскиот Суперкуп беше пресреќен што во својот роден град стигна до трофејот.

– Да се дојде во Велс и да се подигне трофејот е остварување на мојот сон. Прекрасно се чувствувам во мојот роден град. Сезонава имаме „страшен“ состав и ќе атакуваме на сите трофеи во натпреварувањата во кои ќе учествуваме. Ни треба уште малку време да се навикнеме, но веќе делуваме како вистински тим. Сите напорно работиме и првиот трофеј сезонава е награда за тоа, изјави Бејл.

Реал Мадрид синоќа во Суперкупот на УЕФА во Кардиф, ја победи Севилја со 2:0 со погодоците на Кристијано Роналдо.

– Кристијано уште на почетокот на новата сезона покажува што се може да направи. Тој е извонреден играч и ние сме среќни што го имаме во тимот, рече Велшанецот кој му асистираше на Роналдо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top