Осум маскирани наоружени крадци украле од блиндиран камион на аеродром во Чиле седум милиони долари, што е најголем грабеж во историјата на таа земја.
Крадците на аеродромот дошле со три возила и ги блокирале чуварите кои го прателе камионот кој го обезбедувала американската фирма „Бринкс“.
– Прелиминарната истрага укажува на тоа дека е украдено повеќе од четири милијарди пезоси, односно седум милиони долари, но уште не ја знаеме точната сума – изјави обвинителот Луис Пабло Кортес.
Камионот превезувал пари кои се авион требале да бидат префрлени во банка на севереот на Чиле, јавија локалните медиуми.
Ова е втор голем грабеж на „Бринкс“, наведува агенцијата АФП, додавајќи дека на истиот аеродром, во 2006 година биле украдени 922милиони пезоси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



