Велика Британија ги крши човековите права на затворениците, со тоа што им забранува да гласаат, оцени Европскиот суд за човекови права во Стразбур.
Ова е најновата епизода од битката на британските политичари со европското законодавство во однос на прашањето за човековите права.
Со оваа судска одлука се става крај на случајот, покренат од десет британски затвореници, кои британската забрана ја оспорија во Стразбур со аргументот дека со неа се прекршува правото на слободни избори, гарантирано со законодавството на ЕУ.
Судот во Стразбур оцени дека забраната да гласаат е кршење на човековите права, но го отфрли нивното барање за отштета, нагласувајќи оти пресудата е доволна.
Судот по третпат се произнесува против Велика Британија по прашањето за забраната затворениците да го дадат својот глас на изборите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.