| четврток, 6 декември 2018 |

Реал Мадрид го покажа сиот сјај и го освои европскиот суперкуп

Реал Мадрид го освои европскиот суперкуп во шпанската пресметка со Севилја, а творец на успехот и првиот вреден трофеј во новата сезона беше Кристијано Роналдо со два гола во победата од 2-0. Во 30. и 49. минута популарниот „CR7“ беше прецизен за нов трофеј на „кралскиот“ клуб.

За Реал дебитираа на официјален меч Тони Крос и Хамес Родригез, а најтрофејниот европски фудбалски клуб го презентираше сиот сјај и екстраквалитет против Севилја.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top