Робин Вилијамс, холивудскиот актер и комичар кој се самоуби утрово во својот дом во Северна Калифорнија, им оставил поголема сума пари на своите три деца, но и прецизни упатства како богатството да им биде поделено. Тој верувал дека неговите деца Коди (22), Зелда (25) и Зекери (31) се премногу млади за да располагаат со големо богатство, па смислил начин парите да ги добиваат дел по дел.
Според американските медиуми, тој во 2009 година основал фонд за своите деца низ кој им се дистрибуираат парите. Кога ќе наполнат 21 година секој од нив добива по една третина од наследството, на 25 години ќе им биде исплатена втората третина, а на 30 години го добиваат остатокот од парите.
Не е познато колку точно пари им оставил познатиот актер на своите деца, но се претпоставува дека освен во овој фонд, добар дел од богатството на Вилијамс че оди и кај неговата сопруга Сузан. Според некои податоци, тој во 2012 година вредел околу 130 милиони долари, иако самиот чест изјавувал дека два развода го довеле на работ на банкрот.
Последните информации од истрагата покажале дека Робин Вилијамс најверојатно си го одзел животот со бесење. Според неговата портпаролка, холивудскиот омилен комичар подолго време страдал од тешка депресија, а се борел и со зависноста од алкохол.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


