| четврток, 6 декември 2018 |

Лавров: Москва ги прифати сите украински барања за хуманитарниот конвој

31809-il-ministro-degli-esteri-russo-sergej-lavrovРуската Влада се согласи со сите барања на Киев што се однесуваат за конвојот хуманитарна помош на истокот на Украина и во согласност со тоа, ја корегираа маршрутата на движење на тој конвој, изјави денеска шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров. – Се согласивме за маршрута што им одговара на властите во Киев и за тоа нашите камиони, додека се движат низ Украина да имаат Украински регистарски таблици, истакна Лавров.

Тој додаде дека Москва се согласила во конвојот да бидат не само претставници на МКЦК и ОБСЕ, туку и од украинските власти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top