| четврток, 6 декември 2018 |

Судар на два автобуса, над 20 патници се повредени

soobrakjajka_5Дваесетина патници во автобуси се повредени во тешката сообраќајна несреќа на патниот правец Битола – Демир Хисар кај местото викано Бели мост.

Во сообраќајката учествувале два автобуси, едниот на „Ѓоко турс“ од Крушево кој сообраќал на релација Крушево-Битола, а вториот во сопственост на „Тео Травел“ кој патувал на релација Битола-Крушево.

Едниот автобус излетал од патот и се превртел во реката. Повредените се пренесени во битолската болница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top