| четврток, 6 декември 2018 |

Ирачките Јазиди пред геноцид

> on July 3, 2014 in Erbil, Iraq.Набљудувачите на Обединетите нации за правата на малцинствата денеска апелираа до меѓународната заедница да преземе итна акција за да се избегне евентуалниот геноцид над припадниците на заедницата Јазиди во Ирак. Илјадници припадници на оваа верска заедница се заробени на планината Синџар, северозападен Ирак, по офанзивата на џихадистите од Исламска држава.

– Сите можни мерки мораат веднаш да бидат преземени за да се спречи евентуален напад во следните денови или часови, изјави експертот на ОН за правата на малцинствата Рита Ајзак.

Хуманитарна помош за загрозеното населени од воздух достави Светската здравствена организација, САД и Франција. Портпаролот на УНХЦР, Адријан Едвардс истакна дека околу 35.000 луѓе успеале да ја напуштат планината и тргнале кон Сирија, од каде преминале во Курдистан, во Ирак.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top