| четврток, 6 декември 2018 |

Оланд e загрижен поради руската хуманитарна помош за Украина

Францускиот претседател Франсоа Оланд во телефонскиот разговор со рускиот колега Владимир Путин изрази „голема загриженост“ од перспективата за еднострана руска хуманитарна мисија на украинска територија, соопшти Елисејската палата.

oland

Оланд истакна дека хуманитарна операција на украинска територија може да има само во согласност со украинските национални власти.

Руски хуманитарен конвој од 280 камиони денеска се упати кон Украина. Украинските власти соопштија дека нема да дозволат влез на рускиот хуманитарен конвој на украинска територија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top