| четврток, 6 декември 2018 |

Украина нема да дозволи премин на рускиот хуманитарен конвој преку нејзина територија

Киев нема да му дозволи пристап на рускиот конвој со хуманитарна помош наменета за источна Украина на украинска територија, изјави портпаролот на украинскиот Совет за национална безбедност и одбрана, Андриј Лисенко.

russia_ukraine

Тој нагласи дека конвојот не добил сертификат од Меѓународниот комитет на Црвениот крст за да може да тргне за Украина.

Во конвојот има 280 руски камиони. Тие се упатиле кон Украина рано денеска, откако е постигната согласност за меѓународна хуманитарна мисија во источниот дел на земјата.

Црвениот крст, кој треба да ги координира активностите, сепак изјави дека нема информации што превезуваат камионите и во кој правец се движат.

Во меѓувреме заменик-началникот на администрацијата на украинскиот претседател Петро Порошенко, Андриј Чалиј изјави дека кога руската хуманитарна помош ќе стигне до границата со Украина, таа ќе биде префрлена од претставници на Црвениот крст од руските камиони во други превозни средства.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top