– Официјалниот прием во групацијата на лигата го очекуваме во септември за кога е закажано Собранието на “Сидро”. Пред почетокот на секоја сезона расправаме за измените во пропозициите, системот на пополнување на лигата и новите идеи. На тој собир ќе има место и за МЗТ – изјави спортскиот директор на Јадранската лига, Роман Лисац.
Во периодот од една година МЗТ Скопје ќе треба да ги исполни условите кои налагаат одлична организација и силен состав конкурентни за излез на Јадранот, односно тим со голем буџет кој без конкуренција би стигнал до шампионската титула во домашното првенство. “Металците” се веќе во преговори со наши репрезентативци кои се без ангажман и до крајот на неделата очекува потврден одговор од нив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


