| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе се уредува зеленилото во Реонски Центар

Екипи на Град Скопје во текот на август хортикултурно ќе уредуваат дел од јавната површина покрај булеварот „Видое Смилевски Бато“, на потегот од раскрсницата со булевар Србија до раскрсницата пред „Рамстор“, во Реонски центар Аеродром.

aero

Откако ќе се изврши прекопување на јавната површина и ќе се постави систем за наводнување, односно хидранска мрежа со прскалки, ќе се нанесе плодна земја и ќе насее трева.

Јавната површина којашто целосно ќе се уреди е со вкупна површина од 3. 734 квадратни метри, а за нејзино уредување ќе се потрошат околу два милиона денари од Буџетот на Град Скопје.

На уредувањето на зеленилото ќе работат екипи на ЈП „Паркови и зеленило“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top