| четврток, 6 декември 2018 |

Грците продолжуваат да крадат регистарски ознаки од македонски возила

Во текот на вчерашниот ден, на ГП „Богородица“ се пријавени два нови случаи на украдени регистарски ознаки од возила на македонски туристи.

tablici

Првиот случај е пријавен од лицето Т.М. од Велес, кој управувал патничко моторно возило марка „опел вектра“ со велешки регистарски таблички. МВР денеска соопшти дека тој пријавил оти на 10 овој месец во туристичкото место Катерини му се украдени двете регистарски ознаки од возилото.

Вториот случај е пријавен од лицето Б.С. од општина Чешиново-Облешево, кој управувал патничко моторно возило марка „пежо“ со скопски регистарски ознаки, а има пријавено дека на 9 август во туристичкото место Лефкада, исто така, му се украдени двете регистарски таблички од возилото.

Двата случаи се пријавени на грчката полиција и за нив е изготвен записник.

Со овие два нови случаи на кражби на регистарски таблички, бројката за оваа година достигна вкупно девет, а досега се регистрирани и три оштетувања на возила и регистарски ознаки, со што се повторуваат проблемите со кои се соочуваат македонските туристи во Република Грција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top