Шпанскиот мисионер Мигел Пахарес (75), кој беше инфициран со вирусот ебола, почина во болницата во Мадрид, каде што беше хоспитализиран откако со медицински авион беше пренесен од Либерија на 7 август.
Пахарес е првиот Европеец што почина од ебола, која досега ги однесе животите на повеќе од илјада лица во западна Африка.
Отецот Пахарес од редот Сан Хуан де Диос беше репатриран заедно со монахињата Хулиана Боноха, чии анализи беа негативни на присуството на вирусот.
Шпанското Министерство за здравство соопшти претходно дека дозволиле во случајот на отецот Мигел Пахарес да биде применето лекувањето со експерименталниот лек ZMapp, со кој веќе беа лекувани двајца Американци, заразени од ебола во Либерија.
Еболата почна да се шири во март во Гвинеја и оттогаш се распространи во Сиера Леоне, Либерија и во Нигерија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.