Британската адвокатка со либанско потекло Амал Аламудин изјави дека нема да биде дел од новата комисија на Обединетите нации, која ќе ги истражува наводните израелски кршење на човековите права во Појасот Газа. Портпаролката на Светската организација во Женева не појасни зошто телото на ОН за човекови права објави дека Аламудин е избрана да работи во комисијата, заедно со двајца експерти за човекови права од Сенегал и од Канада. Аламудин, попозната како свршеница на американскиот актер Џорџ Клуни, преку неговиот портпарол соопшти дека ѝ е предложено да учествува во работата на Советот за човекови права на ОН, но оти не може да ја прифати обврската поради голем број други ангажмани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.