| четврток, 6 декември 2018 |

Имале оргија во комби на Ибица, платиле казна за немање појаси

ибица1

Кога полицаец на Ибица направил рутинска проверка на едно комби, не очекувал дека во него ќе најде шест луѓе кои имаат секс. Како што јавува весникот „Диарио де Мајорка“, тој затекнал ситуација од која се шокирал.

Оргија во полн ек се одвивала во комбито со швајцарски туристи. Полицаецот го направил единственото што можел – им пишал казни затоа што не носеле сигурносни појаси, и тоа секому по 200 евра.

Групата веднаш ја платила казната со 50 проценти попуст. Полицијата изјавува дека не е првпат да начекаат луѓе како имаат секс во возило, но првпат возилото се движело. Возачот направил алкотест и докажал дека е трезен. Бил опоменат за небрeжно возење.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top