Раде Савиќ, кој го носи епитетот „најсилен човек на светот“ му беше придружба на Милорад Додик, претседателот на Република Српска, кој беше во посета на Србија.
Савиќ е тежок повеќе од 140 кг, има освоено повеќе од 50 медали, соборуваше рекорди дури седум пати. На сениорското првенство во Србија подигна товар од 340 кг.
На светското првенство од GPC Федерацијата пред три години дигна товар од 260 кг, освои два златни медали после што беше прогласен за најсилен човек на светот.
Дневно јаде по еден и пол килограм месо, а во „паузата“ помеѓу доручекот и ручекот крева по 20 тони товар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.