
Хуманитарен конвој од Русија составен од 300 камиони со околу 2.000 тони помош тргна ноќеска кон истокот на Украина, потврдија властите во Москва. Конвојот тргнал во мисија неколку часа откако рускиот претседател Владимир Путин потврди дека Русија и Украина постигнале договор со посредство на Црвениот крст, под чие покровителство ќе се дели хуманитарната помош.
– Конвојот на луѓето во источна Украина ќе им достави 2.000 тони храна, лекови и вода, собрани во Москва.
Освен храна, лекови и вода, испратени се и 12.000 вреќи за спиење и 69 агрегати за струја. Во хуманитарната мисија не учествува руската војкса, потврдено е од Кремљ, а официјалните лица претходно апелираа до Западот „да не подметнува клипови во тркалата на оваа мисија“.
– Се договоривме со водството во Украина, а со внимателен оптимизам можам да кажам дека сите можни и невозможни несогласувња се избегнати, рече вчера шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


