| четврток, 6 декември 2018 |

На снимање на серијата “Игра на Тронови” почина “Сер Денис Малистер”

Ирскиот глумец Џеј Џеј Марфи почина на 86 години, после само неколку снимени сцени во “Игра на Тронови”, каде требаше да го глуми најстариот член на Ноќната стража, Сер Денис Малистер.

jj-murphy

Тој беше спремен да продолжи со снимање, кога изненадно почина на сетот од серијата, која моментално се снима во неговата земја.

Продуцентите сеуште не излегле со соопштение, а не е познато ни кого ќе ангажираат да го замени легендарниот глумец.

game

Една од последните улоги на Марфи е во филмот од кој многу се очекува “Dracula Untold”, но најдобрите улоги ги оствари како театарски актер.

Многу години работел со млади глумци, а му бил и еден од главните ментори на Лиам Нисон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top