Американски воени претставници соопштија дека американски бомбардер гаѓал и уништил неколку возила од конвојот на џихадистичката организација „Исламска држава“ кој одел во напад на курдските сили кои ја бранат престолнината на полуавтономниот регион во Ирак Арбил, каде има американски војници и цивили.
Во меѓувреме, британски воен авион беше принуден да ја запре испораката на хуманитарна помош на бегалците кои се кријат од џихадистите на планината Синџар во северен Ирак поради тоа што постоела опасност пакети со храна и вода да ги погодат луѓето на земја, соопштија британски претставници.
– Толку луѓе доаѓаа во правец на авионот, што за жал не можевме да ја исфрлиме помошта од воздух бидејќи се исплашивме дека може да ги загрозиме животите на луѓето, изјави портпаролката на британскиот премиер Дејвид Камерон.
Припадници на Исламска држава, кои им ги отсекуваа главите и ги распнуваа заробениците, настојувајќи да ги „искоренат неверниците“, натераа илјадници припадници на етничко-верската секта Јазиди да побегнат на планината Синџар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


