Целта на „антитерористичката операција“ на украинската армија е потиснување на Русите од југоисточна Украина, изјави денеска шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.
– Се добива таков впечаток дека целта на така наречената антитерористичка операција е југоисточниот дел да се срамни со земјата, сите Руси да заминат оттаму, и веројатно, потоа да се населат тие, кои поинаку ќе се однесуваат кон историјата и културата, пријателството и повеќевековните врски на нашите народи, истакна Лавров.
Тој потенцира дека сите страни во конфликтот треба да ги исполнат претходно постигнатите договори и да седнат на преговарачка маса, „сами да се договорат заедно да живеат во една држава“.
Лавров наведе дека Западот има одлучувачко влијаниа врз властите во Киев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


