| четврток, 6 декември 2018 |

Му се заканувал на српскиот премиер – уапсено 19-годишно момче

Под сомнение дека им се заканувал на српскиот премир Александар Вучиќ и на министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ, денеска белградската полиција го уапси 19-годишниот С.С., пренесуваат српските медиуми.

hrvatska-policija

По налог на основниот јавен обвинител на младото момче му е одреден 48-часовен притвор.

Осомничениот на 10 август повеќепати се јавил на бројот 192 и им се заканувал на премиерот и министерот, се наведува во соопштението, но не се открива за какви закани станува збор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top