| четврток, 6 декември 2018 |

Брачна двојка поради селфи го загуби животот пред очите на своите деца

Полска брачна двојка загина на познато туристичко место во Португалија. Полската амбасада во Лисабон сега се грижи за нивните две деца кои се на возрастт од 5 и 6 години.

kabo.jpg500

Правењето селфи фотографии ги чинеше живот една брачна двојка од Полска кои биле на одмор во Португалија. Додека позирале да направат селфи, паднале во провалија на познатото туристичко место Litice Kabo da Roka.

Полската двојка падна од 80 метри висина, а нивните две деца биле сведоци на таа трагедија.

Поради влошувањето на временските услови на Атланскиот океан, обидот да се дојде телата во саботата бил неуспешен. Португалските власти го истражуваат случајот, но веруваат дека двојката сакала да направи селфи и паднала.

Во неделата спасувачките служби успеале да ги извлечат телата на сопружниците. Децата во моментов се во полската амбасада каде за нив се грижат полски дипломати, во моментов се многу истрауматизирани и се под надзор на психијатар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top