Од Агенцијата за храна и ветеринарство реагираат на пишувањата дека кај уште три компании е пронајдена листерија.
Оттаму велат дека тврдењата се непроверени и неточни.-
-Непримерно е да се шпекулира, а во јавноста да се пласира непотврдена информација и на таков начин да се внесува уште поголема заблуда кај потрошувачите, пласирајќи ја тезата дека три компании од месната индустрија на пазарот продаваат производи заразени со опасната бактерија листерија. Инаку, компаниите за кои се шпекулира се дел операторите кај кои беа детектирани позитивни мостри. Со извршената квантификација кај нив беше утврдено дека листеријата има во минимални количини, односно нивото е далеку под максимално дозволените концентрации од 100 колонии на грам предвидени со Правилникот за посебните барања кои се однесуваат на микробиолошките критериуми за храна (“Службен весник на Република Македонија” бр. 100/14), кој е усогласен со европските стандарди. Поточно концентацијата на листерија во нив изнесуваше помалку од 10 колонии на грам – се вели во соопштението.
Од Агенцијата за храна и ветеринарство велат дека тие како одговорна институција за безбедноста на храната одговорно тврдат дека станува збор исклучиво за шпекулација и истата најостро ја демантираат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Апелациија демантира: Наводите од Груевски се груба невистина и манипулација со јавноста
-
Демант: „Авалон продукција“ одлучува со која фирма ќе работи и склучува договори
-
ЕЛЕМ: Бесијана Џафери и Димитар Грчев имаат завршено високо образование
-
Хаџи-Лега бара јавно извинување од Викторија Јовановска: Мојата квалификација како плагијатор е измислена и доаѓа од некомпетентна личност



