| четврток, 6 декември 2018 |

Расмусен: Постои голема веројатност од руски упад во Украина

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен изјави денеска дека постои „голема веројатност“ Русија да изврши воена интервенција во источна Украина.

rasmusen

Во врска со шансите за руска инвазија во Украина, Расмусен вели: „Многу голема веројатност“. Тој додаде дека Москва го засилува военото присуство по источната граница на Украина.

– Гледаме како Русија ја развива реториката и бара повод за таква операција под изговор на хуманитарна операција и гледаме воено проширување, кое може да биде искористено за извршување на таква незаконска воена операција во Украина – исткна генералниот секретар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top