Амбасадорот на Грција во Република Македонија Теохарис Лалакос денеска беше повикан во Министерството за надворешни работи при што му е врачена протестна нота по повод последната акција на Специјалните сили на Армијата на Грција за време на заедничка воена вежба со Армијата на Кипар во јули 2014, при која се скандираат провокативни пароли и преовладува говор на омраза.
МНР, како што соопшти, бара од грчките власти да преземат итни мерки за осуда на ваквите појави и тенденции кои не се во духот на европските вредности и стандарди и да се заложат вакви нецивилизирани акти да не повторуваат во иднина.
На денешната средба беше врачена и нота во врска со праксата на лепење налепници на македонските возила поврзана со употребата на кодот МК на регистарските таблички.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



