| четврток, 6 декември 2018 |

Откажан концертот на Кики Лесендриќ и „Пилоти“

Kiki Lesendric

Концертот на рок-легендата Зоран Кики Лесендриќ и неговиот бенд „Пилоти“ со кој требаше да почне културното лето „Карпош 2014“ е откажан. Според информациите  од организаторот на оваа културна манифестација, Младински форум за соработка, кој заедно со Општина Карпош ја подготви годинашната манифестација, концертот на познатиот белградски бенд е откажан од технички причини.

Инаку, ова, седмо по ред Карпошово културно лето во целост ја задржува програмата која е најавена. Така, културно лето „Карпош 2014“ наместо в четврток 14 август, официјално ќе почне в петок на 15 август во 20.30 часот, со музички концерт на триото „Егзија“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top