Според анкетата најбрзо се издаваат документи во Централниот регистар, односно во оваа институција се чека до пет минути, а најмногу граѓаните чекале во Катастар.
Најљубезни се вработените во УЈП, односно на анкетата 100 проценти од граѓаните рекле дека се задоволни од љубезноста на вработените во оваа институција.
– Методологија барометар за квалитетот на институциите, којашто МИОА ја спроведува втора година по ред, има за цел воведување на стандардизирано мерење на квалитетот на институциите и нивно рангирање согласно добиените резултати. Имплементацијата на методологијата барометар за квалитетот на институциите ќе влијае на создавање на конкуренрност на институциите во админситрацијата и ќе ги поттикне да ги спроведуваат дефинираните и планираните реформски процеси коишто сде во Стратегијата ја реформа на јавната администрација – рече министерот за информатичко општество и админситрација Иво Ивановски.
Тој додаде дека транспарентноста на целиот процес ќе влијае на подобра организација и посервисно ориентирани институции.
Анкетата е спореведена во периодот јуни-јули 2014 година во три општини по случаен избор, однсоно во Кисела Вода, Прилеп и Свети Николе.
Граѓаните, според анкетата, се најзадоволени од љубезноста на вработените во институциите во општина Свети Николе.
Оваа година, како што нагласи Ивановски, за првпат е спроведена и анкета за тоа колку граѓаните се задоволни од едношалтерскиот систем во Република Македонија, на која граѓаните одговориле дека 75 отсто од институциите не ги препраќале до друг шалтер или друга институција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Анкета: Секој втор граѓанин е против каква било промена на името
-
Анкетно прашање, каде се наоѓа Г – точката: Кај жените мислам дека е зад увото… (видео)
-
Анкета: Македонците имаат позитивно мислење за Србија, а негативно за Косово, Албанија и Грција
-
Македонците оптимисти: Очекуваат економски простперитет во 2018 година



