
Кои намирници може да му помогнат на вашиот организам?
Зеленчукот со зелена боја е најдобар во борба против дијабетес од тимот 2. Тоа значи кељ, зелена салата и спанаќ. Спанаќот е богат со антиоксидански, витамини и други хранливи материи, како калциум, фолна киселина и селен. Внимавајте во готвењето да го не преварите овој зеленчук бидејќи ќе ги загуби сите хранливи материи.
Јаболките имаат антиоксиданси кои се борат против слободните радикали, штетните материи во телото кои се причинител на болести. Една јаболка на ден го намалува нивото на штетнио ЛДЛ холестерол, а го зголемува добриот, ХДЛ холестерол.
Авокадото има високо ниво калиум, богато е со витамините Б, К и Е и со високи колични влакна. Маснотиите кои ги содржи му се потребни на телото.
Бадемите се богати со витамин Е, железо, магнезиум, калциум и влакна. Го одржуваат ниското ниво на холестерол.
Рибата содржи омега 3-масни киселини кои се добри за мозокот и за срцето.
Боровниците се мали ситни бомби во борба со прекумерната тежина, а во исто време и богат извор на влакна и антиоксиаданси и полифенол, кој го спречува наталожувањето на маснотиите во клетките.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


