Поранешната манекенка Ел Мекферсон во март годинава наполни 50 години, а според нејзиниот изглед, не би рекле дека има повеќе од 30 години. Во интервју за „Хафингтон пост“ открила како ѝ успева да изгледа толку младолико.
– Физички не се чувствувам поинаку туку исто како кога имав 30 или 40 години. Сигурно тука голема улога има и генетиката и мислам дека до 30-тата година од животот генетиката има најголема улога во изгледот. Потоа се зависи од тоа како го третирате своето тело, порачала Мекферсон и додала дека младешкиот изглед е резултат на тоа да се чувствувате добро во својата кожа.
Таа открила дека многу ѝ помогнало алкализирањето на организмот, создавање на кисело-алкална рамнотежа, со оглед на тоа што неодамна таа покрена своја линија на алкализирани производи.
– Верувам дека за мене и за моето тело, со начинот на кој живеам, дека таквиот начин на исхрана е голем фактор поради тоа се чувствувам добро, а резултат на тоа е добриот изглед – порачала манекенката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


