| четврток, 6 декември 2018 |

Таа има 51 година (ФОТО)

elle

Додека владееше со модните писти, сите ја знаеја како Телото. Тој прекар и денес еднакво го заслужува.

Во март Ел Мекфирсон ќе наврши 52, години кои воопшто не можат да се забележат на нејзиниот изглед.

Во интервјуто за магазинот „Ред“ таа открива неколку совети за тоа како да ја одржувате линијата како неа.

– Пијте три литри вода дневно, спијте по седум часа, тренирајте барем 45 минути. Смејте се, правете што сакате, славете ја мудроста. Не носете новогодишни одлуки, туку новогодишни решенија. Во животот внесете мали промени кои ќе ви станат секојдневие и кои ќе ви помагаат да се чувствувате подобро. Не менувајте ги често очилата, сите изгледаме подобро кога сме малку матни. Јас верувам дека убавината доаѓа однатре и затоа е битно здраво да се храните – препорачуваа таа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top