| четврток, 6 декември 2018 |

Концерт на познатиот тенор Андреа Бочели во Софија

andrea boceli

Светски познатиот тенор Андреа Бочели на 31 август ќе одржи концерт во Софија на стадионот „Бугарска армија“.

Според најавите на организаторот на концертот, Бочели во Софија ќе пристигне заедно со сопругата Вероника и неговата двегодишна ќерка Вирџинија. Сопругата воедно му е и негов менаџер.

Луѓе од екипата на Бочели веќе пристигнаа во Софија за да изберат соодветен стан за ѕвездата и неговото семејство, кој треба да има пространа спална и голема просторија за млата Вирџинија.

Опремата за концертот на италијанскиот тенор тежи повеќе од 150 тони и ќе биде донесена во Софија со 20 камиони.

На концертот на Бочели е предвидено да настапат и оркестар во Бугарија со 70 члена, како и околу 60 бугарски пејачи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top