Откако започнала војната во Сирија, Реџеп Таип Ердоган тогашниот премиер, а новоизбран претседател на Турција им бил од голема помош на екстремистите.
Ова го тврди борец на ИСИС кој овие факти му ги пренел на турски новинар.
Мисијата која има цел да ги набљудува тероризмот и џихадот, а е дел од МЕМРИ (Тhe Middle East Media Research Institute), во вторникот на „Ерусалим пост“ му пренеле ексклузивна репортажа заснована на интервју со борец на екстремистите.
– Турција го „поплочи“ патот за нас. Доколку Турција не покажеше интерес за ИСИС, ние денес немаше да бидеме тоа што сме и таму каде што сме. Голем број од нашите муџахедини беа лекувани во Турција – тврдел борецот.
Тој објаснувал дека ја немале потребната поддршка од Саудиска Арабија, но многу семејства што верувале во џихадот им помагале.
– Ние ќе ја изградиме Исламската држава која ќе се распространи од Тигрис до Јордан и Палестина па сѐ до Либан – објаснувал тој.
Борецот на ИСИС бил дел од екстремистите повеќе од 12 години, дел од најмалку 12 операции против Курдите, а лично предводел три упади во Камишли (област во близина на границата помеѓу Сирија и Турција).
Тој понатаму тврди дека ИСИС има муџахедини во 21 држава, држави кои не се само со муслиманско население во Европа, како и Русија, Авганистан, Пакистан и Турција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.