Ликот на Ким Ил Сунг, основачот на Северна Кореја, е отстранет од новата банкнота, пренесе ДПА од јужнокорејските медиуми.
На новата банкнота од 5.000 вони, што е и банкнота со најголема вредност во земјата, место ликот на досега неприкосновениот лидер е поставена слика од неговиот дом од времето на неговите детски години. На втората страна на банкнотата се наоѓа музејот во Пјонгјанг во кој се изложени подароците што Северна Кореја ги добила од странските лидери.
Оваа промена може да е обид за намалување на култот кон личноста на Ким Ил Сунг, со кој се прочистува патот неговиот внук и актуелен лидер Ким Јонг Ун да воведе ограничени економски реформи, изјавуваат аналитичарите цитирани од јужнокорејскиот весник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.