| четврток, 6 декември 2018 |

Бела куќа: Обама со нетрпение очекува да работи со турскиот претседател Ердоган

obama
Американскиот претседател, Барак Обама, со нетрпение очекува да работи со новоизбраниот турски претседател Реџеп Таип Ердоган, изјави портпаролката на Белата куќа, Кетлин Хејдн, во одговорот на новинарското прашање за резултатите од претседателските избори во Турција, соопшти турскиот телевизиски канал НТВ.
На истиот начин Обама сака да работи и со премиерот кој ќе го заземе местото на Ердоган, додаде порпаролката на Советот за национална безбедност на Белата куќа.
Таа изјави дека очекува во следните неколку дена Обама телефонски да му се јави на Ердоган и да му ја честита победата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top