| четврток, 6 декември 2018 |

Косовската полиција уапсила муџахедини што војувале во Сирија

Косовската полиција доцна синоќа на целата територија на Косово во полициска акција уапсила 40 лица што учествувале во војната во Сирија и во Ирак.

kosovo

Полицијата по долго истражување во соработка со државното обвинителство синоќа во доцните часови организираше поширока акција за апсење на лицата осомничени дека учествувале во војната во Сирија и во Ирак на страната на ИСИС и Ал-Нусра, кои се прогласени за терористички организации.

Оваа полициска акција е преземена поради тоа што постои опасност за националната безбедност и уставниот поредок на Косово.

За време на оваа операција е извршен претрес во околу 60 објекти каде се уапсени 40 лица, под сомнение дека извршиле кривични дела против уставниот поредок и безбедноста на Република Косово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top