| четврток, 6 декември 2018 |

Анкета за задоволство на граѓаните од државните институции

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, денеска на прес-конференција ќе ги објави резултатите од спроведените истражувања – анкета на задоволство на граѓаните и таен клиент во одредени државни институции, во согласност со методологијата „Барометар на квалитет на институции“.

semafor_slika

Станува збор за стандардизирано мерење на квалитетот и општата функција на институциите кои се опфатени и врз основа на мерењето, оценување на институциите и нивно рангирање.

Се мерат и оценуваат фактори во поглед на испораката на услуги кон граѓаните.

Настанот ќе се одржи во просториите на Министерството за информатичко општество и администрација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top