Повеќе од 10,5 милијарди евра се пресметаните долгови кон осигурителните фондови во Грција, пишуваат денеска грчките весници повикувајќи се на податоци од Министерството за труд.
Весникот „Нафтемборики“ објави дека повеќето од долговите се создадени од пред 2009 година, односно пред кризата, а највисоките суми треба да бидат намирени од мал број мошне богати должници.
– Пресметаните долгови се бомба, која во голема мера останала од годините на благосостојба во Грција и која претставува закана за пензиско-осигурителниот систем – алармира весникот „Етнос“, додавајќи дека ова е најголемиот крах на осигурителните
фондови.
Шеесет и шест отсто од долговите се до 20 илјади евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.