Гром удри во мајка (36) и нејзината дванаесетгодишна ќерка додека се капеле во базен во местото Финкештајн на југот на Австрија, јави Блиц.
Како што е соопштено, тие се префрлени со повреди со неодреден степен во болницата во Филаху.
Мајката и ќерката се капеле кога почнало невремето, а според полицијата во еден момент во кровот удрил гром , а ударот го погодил дното на базенот.
Таткото кој седел на терасата ги слушнал извиците на семејството и викнал брза помош.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


