Тешка сообраќајна незгода попладнево се случила кај местото Колибари пред Кичево, а поради тоа сообраќајот на патниот правец Гостивар-Кичево се одвива наизменично по една коловозна лента во двата правци.
Поради тоа движењето на возилата на оваа делница е делумно забавено, соопшти АМСМ.
Засега нема детали за сообраќајката, ниту дали има повредени или жртви.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


