Монструмот Драган Ѓурич во детали го раскажа своето монструозно дело, додаде дека лопатата ја купил на 26 јули и потоа ја фрлил преку брдо во Сомбор. Полицијата го пребара теренот, но таму се извршуваат градежни работи и можно е багеристите веќе да ја закопале лопатата.
Полицијата го најде мобилниот телефон на Тијана на пат кон Зрењанин, а за нејзината облека се уште се трага.
Извор за локалната полиција вели дека Ѓуриќ ја купил лопатата на 26 јули на базар во Сомбор, која потоа ја фрлил.
Од полицијата велат дека веројатно истото се случило и со облеката на Тијана, која ја носела кобната вечер.
Потрагата за Тијана траеше 12 дена, а за тој период комуналните служби неколкупати ги празнеле контејнерите за ѓубре.
Мобилниот телефон на Тијана и возилото на Ѓуриќ се дадени на вештачење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Србија слави, Косово не е примено во Интерпол!
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија


