| четврток, 6 декември 2018 |

Лисенко: Сепаратистите треба да се предадат, а не да предлагаат примирје

Crisis in Ukraine

Украинските воени власти го отфрлија повикот на сепаратистите за примирје и изјавија дека тоа може да се случи само доколку тие го предадат оружјето и се предадат, соопштија британските медиуми.

Виско позициониран лидер на  самопрогласената „Доњецка Народна Република“, вчера изјави дека бунтовниците се подготвени за прекин на огнот за да се достави хуманитарна помош.

Портпаролот на антитерористичката операција на владините сили во источна Украина, Андриј Лисенко, денеска изјави дека „доколку има таква иницијатива, таа треба да биде реализирана со практични активности, а не со зборови -преку кревање на бело знаме и предавање на оружјето“.

-Уште не сме ги виделе овие практични чекори, додаде тој.

Во меѓувреме беа ослободени петмината војници на украинската армија, кои беа заддржани на руска територија, пренесоа руските меидуми, повикувајќи се на властите во руската Ростовска област. Петмината се дел од 300-те украински војници и граничари, кои во понеделникот, во борбите со сепаратистите, беа принудени да ја минат границата со Русија. Повеќето од нив беа вратени во Украина, но петмината, еден командир на батаљон и четворица нему потчинети офицери, беа заддржани под сомнение дека убивале цивили и пукале врз руска територија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top