Филмот што се снимаше во текот на изминатата година за животот на основачот на најпознатата компанија „ Епл“ премиерно ќе излезе во април. Во главната улога е актерот Ештон Качер, кој многу наликува на Стив Џобс. Режијата е на Џошуа Мајкл Стерн, а ќе биде прикажан во рамките на филмскиот фестивал „Санденс“.
На овие две фотографии се гледа дека Ештон претрпел неверојатна трансформација и многу наликува на основачот на „Епл“. Екипата што работела на филмот изјавила дека Качер феноменално ја одиграл својата улога и буквално ги прифатил сите карактеристики на Џобс. Начинот на седење, начинот на држење на рамената, одењето и секако физичкиот изглед, како фризурата и облекувањето.
Филмот со наслов „Џобс“ разработува поголем период од животот на Џобс од околу 30 години и својата премиера ќе ја има на затворањето на фестивалот „Санденс“ на 27 јануари.
Интересно е дека истовремено се подготвува уште еден филм за Џобс од страна на „Сони ентертејмент“ (Sony Entertainment), кој ги откупи правата за преработка на официјалната биографија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура



