
Три лица се повредени во сообраќајната незгода што утрово, околу осум часот кај селото Кадрифаково. Од МВР велат дека се работи за директен судар меѓу возило од марката „Мазда“ со штипски регистарски таблички и возило од марката „Хјундаи“ со светиниколски регистарски таблички. Повредените биле пренесени во клиничката болница во Штип. Пуштени се на домашно лекување, освен возачот на возилото со светиниколски регистрски таблички, кој е задржан во болница. Во двете возила имало по две лица. Се работи за брачни партнери од Штип и Свети Николе.
Очдевидци за „Република“ утрово изјавија дека возилата биле превртени во нива покрај патот од Свети Николе кон Штип. Делови од нив биле расфрлани по коловозната лента, а сообраќајкот бил затворен. Полиција ги препракала возилата по околните патишта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


