Патнички авион на „Туркиш ерлајн“ принудно слета во Софија, бидејќи е пронајден лап-топ без сопственик, а поради сомнеж дека е експлозивна направа.
Во соопштението на софискиот аеродром се наведува дека авионот на турската авиокомпанија кој летал на линијата Брисел-Истанбул принудно слетал во Софија. Веднаш биле применети стандардни процедури во соработка со авиопревозникот и полицијата.Патниците се евакуирани од авионот и се сместени во транзитната зона на аеродромот.
Во текот на летот бил пронајден лап-топ чиј што сопственик не е познат, а се посомневале дека станува збор за експлозивна направа. По извршената процедура авионот продолжил со редовната рута.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.